Авион на „Делта ерлајнс“ се запали веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром Сиетл-Такома. Снимката покажува пожар кој избувнува под пилотската кабина на авион на Ербас додека патниците се симнуваат од летот од Канкун, Мексико. Се гледаат и патници како одат на крилото на авионот додека се подготвуваат за итна евакуација од лизгалки.
🚨 AIRPLANE EXPLODES ON TARMAC IN WASHINGTON
A fireball exploded underneath the cockpit as the aircraft plugged into the terminal.
The pilots quickly smelled smoke and evacuated the plane, with two-thirds of the passengers sliding down emergency equipment.
Airbus to Boeing:… pic.twitter.com/Ga0oVTdtY2
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) May 14, 2024
– Мислам дека луѓето реагираа панично, малку беше гужва во премините на патот кон излезот. Но, генерално беше прилично непречена евакуација. Мило ми е што се случи на земјата на капијата за слетување, тоа е најдоброто место на кое може да се надевате на евакуација – изјави за „KOMO News“ Ешвин Менон, еден од патниците, додавајќи дека им е благодарен на пилотите, екипажот и полицијата за нивната помош.
Од компанијата „Делта“ за „Њујорк пост“ изјавија дека тобоганите се поставени како мерка на претпазливост, а патниците кои се уште биле внатре биле симнати преку задниот дел на леталото.
„Патниците се целосно евакуирани“, соопштија од компанијата и потврдија дека авионот е изваден од употреба заради проверка и одржување.