Повеќе од 50.000 луѓе се под наредба за евакуација бидејќи пожарот зафати планинска област северно од Лос Анџелес.
#hughesfire has reached Castaic proper. pic.twitter.com/ASFq3b91SZ
— BD Photography (@BDP_473) January 22, 2025
Пожарот во округот Хјуз избувна вчера и за само шест часа изгоре околу 39 квадратни километри шуми и вегетација во близина на езерото Кастаик, популарно излетничко место лоцирано на околу 64 километри од градовите Итон и Палисejд, кое гори веќе трета недела, објави АП.
The view of the Hughes Fire from Castaic is apocalyptic pic.twitter.com/yheJyfFKxs
— Kevin Dalton (@TheKevinDalton) January 23, 2025
Иако областа беше под црвена тревога за опасност од пожар, ветровите не беа толку силни како порано, што им овозможи на авионите за гаснење пожари да испуштат десетици илјади галони вода.
🚨 UPDATE: The new Los Angeles Hughes Fire is now 5000+ acres with zero containment. Powerful winds creating fire tornados. pic.twitter.com/p5rIiEBpm5
— Autism Capital 🧩 (@AutismCapital) January 22, 2025
„Ситуацијата во која се наоѓаме денес е многу поинаква од онаа што ја затекнавме пред 16 дена“, изјави началникот на противпожарната служба во округот Лос Анџелес, Ентони Марон.
🚨 UPDATE: The new Los Angeles Hughes Fire is now 5000+ acres with zero containment. Powerful winds creating fire tornados. pic.twitter.com/p5rIiEBpm5
— Autism Capital 🧩 (@AutismCapital) January 22, 2025
Повеќе од 31.000 луѓе се под наредба за задолжителна евакуација, додека други 23.000 луѓе се под предупредување за евакуација, изјави шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна, пренесува CBS News.