Новиот градоначалник на градот Белгород во западна Русија, Јуриј Галдун стапи на должност со звуците на музичката тема од филмот „Војна на ѕвездите“.
Директорката за култура во градската управа Људмила Грекова изјави дека „одлуката била да се одбере посовремена музика, но не провериле од каде е”. Таа си даде и оставка поради таа грешка.
In Belgorod, the new mayor sworn into the office to the music from Star Wars. pic.twitter.com/J2Qr63FSNY
— WeirdRussia.com (@weirdrussia_com) March 27, 2019
-Немав лоша намера. Самата настојувам да нема странски содржини и ова е резултатот, изјави таа.
Поради музиката, интернет-сеирџиите веќе го споредуваат Галдун со Дарт Вејдер, главниот негативец од легендарниот серијал филмови.