(ВИДЕО) Продолжија антивладините протести во Грузија, четврти ден по ред

Од:

Неколку илјади проевропски демонстранти се собраа во неколку градови во Грузија четврти ден по ред, протестирајќи против владата, која го отфрли барањето на опозицијата за организирање нови парламентарни избори.

Поранешната советска република е во превирања по парламентарните избори одржани на 26 октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон.

Сепак, опозицијата ги осуди изборните нерегуларности и ја бојкотира работата на новото свикување на парламентот.

Нови избори бараат опозициските партии, како и претседателката Саломе Зурабишвили, која ги прекина врските со владата и рече дека ќе одбие да се откаже од својот мандат до новите парламентарни избори.

Уличните демонстрации, кои привлекоа илјадници демонстранти три ноќи по ред, беа поттикнати од одлуката на владата да ги одложи амбициите на земјата за влез во Европската унија до 2028 година.

Тие собири во Тбилиси и во другите градови беа растерани од полицијата со водени топови и солзавец и беа уапсени повеќе од 150 луѓе. Десетици полицајци беа повредени од фрлањето на предмети од демонстрантите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилни протести во Тбилиси, приведени се 293 лица, а повредени се 143 полицајци

(ВИДЕО) Хаос во Тбилиси, се судрија демонстрантите и полицијата

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат