ВИДЕО: Пристигнаа првите снимки од ужасот по земјотресот во Турција

Од:

Социјалните мрежи се преплавени со видеа и фотографии од последиците од катастрофалниот земјотрес што рано утринава, нешто по четири, ја погоди Турција.

Јачината на земјотресот беше проценета на 7,8 степени според Рихтеровата скала, а сериозно ја потресе и соседна Сирија.

Податоците за жртвите постојано се менуваат, но веќе е потврдено дека во Турција загинале над 200, додека во Сирија се потврдени 42 смртни случаи. Над 1.000 се повредени.

Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде уште поголем бидејќи луѓето спиеле во моментот на земјотресот.

Сеизмолозите веќе открија 22 последователни потреси.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес во Турција

Силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски