(ВИДЕО) Пред вториот круг од изборите во Турција: Градоначалникот на Истанбул на босански го „поздрави“ Ердоган

Од:

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, пред вториот круг од претседателските избори во Турција упати остра порака до актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган на босански јазик.


Да потсетиме Турција утре ја чека вториот круг од претседателските избори, а силите ќе се одмерат меѓу Реџеп Таип Ердоган од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и Кемал Киличдароглу од Републиканската народна партија (ЦХП).

Имамоглу изминативе денови активно се вклучи во предизборната кампања во Истанбул. Меѓу другото, тој го посети и предградието Бајрампаш, каде во најголем дел живеат Бошњаци.

-Со трпение и насмевка ќе ја убедиме околината и ќе ја одведеме до гласачката кутија. Нема да оставиме ниту еден човек зад себе – рече Имамоглу.

Во еден момент градоначалникот на Истанбул зборуваше на босански јазик и му порача на Ердоган дека нема да добие уште еден мандат.

Ердоган во првиот круг од изборите пред две недели освои 49,5 отсто од гласовите, додека Киличдароглу 44,9 отсто.

Изборите се одржуваат под товарот на високата инфлација и падот на вредноста на лирата и страшниот земјотрес во кој во февруари загинаа над 50.000 луѓе.

Анкетите покажуваат дека Ердоган би можел да освои меѓу 52 и 54 отсто од гласовите, но можни се изненадувања во вториот круг и многу ќе зависат од излезноста која пред две недели изнесуваше дури 87 отсто.

Би можело да ве интересира

Имамоглу: Пресудата е политичка и незаконска

Две години затвор за градоначалникот на Истанбул, требаше да се кандидира против Ердоган следната година

Горан Наумовски