Околу половина час по полноќ избувнал пожар во Сплит, јавува Далмација денес. На паркингот гореле возила.
„Евидентирана е вкупна штета на повеќе автомобили, а на дури девет делумна штета. Пожарот е изгаснат после полноќ. Во интервенцијата учествувале девет пожарникари“, потврдија за Далмација денес од жупанискиот противпожарен центар.
Инаку, ова не е прв ваков пожар во Сплит. Во декември 2021 година, шест автомобили беа оштетени во пожар во јавна гаража. Подоцна било откриено дека споменатата гаража служела како засолниште за возилата на лица од нарко круговите.