Според последните официјални податоци, пренесени од АП, најмалку 1.900 луѓе загинале во земјотресите во Турција и Сирија. Низ Турција, најмалку 1.100 луѓе загинаа, а 7.600 беа повредени.
Во Сирија загинаа најмалку 430 луѓе, а повредени се 1280. Овие бројки не се конечни, се очекува бројот на загинати да продолжи да расте.
Horrific videos emerging from #tuerkiye of the devastating earthquake building crumbles down in mere seconds #Turkey #TurkeyEarthquake pic.twitter.com/485DYrHIKN
— Amit Sahu (@amitsahujourno) February 6, 2023
Во текот на денот постојано пристигнуваат нови снимки. Едно видео од Турција покажува како дел од зградата едноставно се откинал и паднал на патот. Очигледно во тој момент немало никој на патот.