(ВИДЕО) Најмалку 15 мртви во пожар кој избувна во огромна зграда во Кина

Од:

Најмалку 15 луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени во пожар што зафати станбена зграда во источна Кина, соопштија локалните власти.

Снимките на социјалните мрежи покажаа пламен и облаци од црн чад како проголтаа неколку ката од облакодер во градот Нанџинг.

Официјални лица изјавија дека пожарот избувнал на првиот кат од зградата, каде што се чувале електрични велосипеди, но точната причина за пожарот останува под истрага.

Зградата се наоѓа во областа Јухутаи во Нанџинг, град со повеќе од осум милиони жители кој се наоѓа на околу 260 километри северозападно од Шангај.

Екипите за итни случаи првпат примиле извештаи за пожар во петокот во 4.40 часот по локално време, соопштија властите утринава. На интервенција биле испратени 25 противпожарни возила и 130 пожарникари, а пожарот бил изгаснат во шест часот. Акцијата за пребарување и спасување заврши околу 14 часот.

Од 44 повредени лица испратени на лекување во болница, еден е во критична состојба, а другиот е тешко повреден, соопштија официјални лица.

На прес-конференција, градоначалникот на Нанџинг, Чен Жичанг, изрази сочувство и им се извини на семејствата на жртвите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во пожар во зграда во Кина десет лица загинаа, граѓаните ги обвинија мерките против Ковид

А1он