ВИДЕО: Маж плутал држејќи се за фрижидер на 50 километри од брегот на Тампа, невројатна снима на спасување

Од:

Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за фрижидер додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се симнаа од хеликоптерот и допливаа до човекот кој клечеше на врвот на ладилникот во Мексиканскиот залив.

Мажот бил пренесен во општата болница во Тампа, каде му била укажана лекарска помош. „Тој го преживеа она што е кошмарно сценарио дури и за најискусниот морнар“, изјави поручник Дејна Грејди од американската крајбрежна стража.

„За да се разбере сериозноста на условите за ураганот, важно е да се каже дека проценуваме дека доживеал ветрови од 120 до 145 километри на час. изјави таа.

Човекот го поправал својот брод во 3 часот наутро во средата, но се соочил со силни ветрови на враќање кон пристаништето. Условите брзо се влошија како што се приближуваше ураганот. Крајбрежната стража му кажала на човекот да облече спасувачки појас и да остане покрај радиосветилникот што ја покажува положбата на бродот, но комуникацијата била изгубена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 1600 луѓе и 140 животни спасени од ураганот на Флорида

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Милтон беше петтиот најсилен ураган на Атлантикот во историјата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку 16 мртви, снимки од воздух ја покажуваат катастрофата што ја остави Милтон на Флорида

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица мртви, уништени домови – Флорида на удар на „Милтон“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Снимките од Флорида се драматични: „Кога ќе се раздени веројатно ќе наоѓаме тела“

ВИДЕО: Спасувачките служби не можат да одговараат, оние што не се евакуираа се сами на себе

Катерина Ѓуровски