Легендарниот турски голман, а денеска тренер на Хатајаспор, Волкан Демирел се огласи преку својот Инстаграм профил, апелирајќи за итна помош на Турција.
😢🇹🇷 Ex-Fenerbahçe goalkeeper and current Hatayspor manager Volkan Demirel was in tears on Instagram live.
Türkiye has been hit with a very severe earthquake: 7.8 magnitude, with hundreds sadly confirmed dead. pic.twitter.com/Sr9QqyFI6v
— EuroFoot (@eurofootcom) February 6, 2023
Турција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика уривање на згради и во Сирија. Досега во двете земји загинаа над 1300 лица, а бројот на повредени е неколку илјади.
Демирел упати апел на Инстаграм, барајќи помош за неговата земја.
„Помош! Би сакал да ги испратите сите ресурси што ги имате, не се работи само за Хатај и Антакија… Ве молам! Ве молам, во името на Бога, луѓето умираат овде“, рече Демирел, а потоа заплака.