ВИДЕО: Корупциски скандал со набавката на вакцини во Бразил, илјадници демонстранти бараат да си замине „геноцидниот“ Болсонаро

Од:

Илјадници Бразилци синоќа излегоа на улиците на повеќе од 110 градови низ земјата против политиката на претседателот Жаир Болсонаро за коронавирусот, откако Врховниот суд дозволи да се отворат истраги против него за наводи за корупција поврзани со нарачки за вакцини.

Демонстрантите бараат и на забрзана кампања за вакцинација.

-Оваа влада веќе уби повеќе од 500.000 луѓе како резултат на политичките заблуди, лажни вести, лаги и сега овој апсурден скандал со корупцијата со вакцини, велат демонстрантите.

Ова се нови големи протести на кои се бара заминување на претседателот Болсонаро кого незадоволните бразиилци го обвинуваат ганоцид поради смртта на половина милион граѓани како последица на коронавирусот.

Болсонаро е осомничен затоа што според изјави на „свиркач“ ги игнорирал инфромациите за корупција при набавката на вакцини „Коваксин“ од Индија.

Сведочејќи пред Анкетниот комитет на Сенатот, службеник на Министерството за здравство рече дека бил подложен на „нетипичен притисок“ да одобри увоз на дози на индиска вакцина „Коваксин“, што тој ги сметал за премногу скапи. Службеникот навел дека договорот за вакцини бил вреден повеќе од 300 милиони долари. Исто така, се наведува дека цената од 15 долари била највисока што досега Министерството за здравство било подготвено да ја плати за една доза.

Одобрено е барањето на Јавниот обвинител да бидат разгледани обвинувањата за корупција против Болсонаро поврзани со нарачката на 20 милиони дози од индиската вакцина „Коваксин“ против Ковид-19.

Кривичната пријава против Болсонаро под сомнение за злоупотреба на службената положба поради игнорирањето на сомнежите за корупција ја поднесоа неколку сенатори.

Во пријавата за истрага се наведува дека Министерството за здравство ја нарачало вакцината, произведена во Индија, пред таа и да биде одобрена во Бразил. Пратеник сведочеше дека го известил Болсонаро за овие недоследности.

Во меѓувреме, бразилската Влада, која оваа недела го прекина договорот за купување на дозите на вакцините „Коваксин“, даде неколку верзии на случајот. Болсонаро се изјасни дека не знае за ваквите неправилности.

Индиската компанија „Барат биотех“ соопшти дека цената на доза од вакцината „Коваксин“ за странските влади изнесува меѓу 15 и 20 долари, а цената за Бразил е во овој дијапазон.

Договорот за „Коваксин“, исто така, неодамна беше во фокусот на парламентарниот истражен комитет кој ги разгледуваше дејствијата и пропустите на Болсонаро во пандемијата на коронавирусот.

Меѓутоа, отворањето постапка за импичмент против него зависи од претседателот на Домот на пратеници – кој се смета за сојузник на Болсонаро.

Би можело да ве интересира

Над 100 милиони случаи на заразени со Ковид-19 на американскиот континент од почетокот на пандемијата

Министерот за здравство на Бразил позитивен на коронавирус на патувањето во ОН

Бразилец примил пет дози вакцина против Ковид-19, го фатиле во шестиот обид

Бразил ја надмина бројката од половина милион починати од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Бразилскиот Сенат отвори истрага за Болсонаро за неговото управување со пандемијата

Бразилскиот сој коронавирус мутира и може да стане уште поопасен, покажуваат истражувањата

Катерина Ѓуровски