Телевизиската водителка, чие што име не е објавено, ја крена на нозе цела Саудиска Арабија, затоа што се појави пред екраните без традиционалната исламска облека и вел.
Таа во дневникот се вклучи од лондонско студио Ал Екхбариј, кое што припаѓа на националната телвизија на Арабија.
Ова е прв пат по десет години, водителка да се појави без вел, а токму оваа телевизија на самиот почеток од својата работа во 2004 година ја промовираше и жената во улога на водителка.
Нејзината појава предизвика бурни рекации на социјалната мрежа „Твитер“, како и на повеќето портали во државата. Додека едни ја поздравуваа ваквата појава на водителката, сметајќи дека тоа е напредок за жената, други пак истакнуваат дека е срамен чин, со кој се прекршува верскиот обичај.
Телевизискиот канал објави соопштение во кое истакна дека ваков инцидент нема да се повтори.
Е. Г.