Телото на Хасан Насрала, лидерот на Хезболах, кој беше убиен во израелски воздушен напад во петокот, беше пронајдено и извлечено од урнатините во јужните предградија на либанската престолнина Бејрут.
The body of Hezbollah's Nasrallah, has been recovered from the rubble pic.twitter.com/21QzUa7T5k
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) September 29, 2024
Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на медицински извор и извор од безбедносните служби.
Се вели дека на трупот немало надворешни повреди од експлозијата.
Британската агенција потсетува дека Хезболах вчера ја потврди смртта на Насрала, но не кажа како точно е убиен, ниту кога ќе се одржи погребот.
Двата извори на Ројтерс изјавија дека нема директни повреди на телото и дека смртта се чини дека е последица на траума предизвикана од силината на експлозијата.