Саудиска Арабија во 2014 година беше најголем увозник за оружје и воена опрема во свет, а причина за тоа се тензиите на Блискиот исток и во Азија, тврдат експерти од водечката фирма за прашања поврзани со трговија на оружје ов светот „ИХС Џејнс“.
Во извештајот на информативната група „Џејнс“ чие што седиште се наоѓа во Лондон, а кој покрива 65 држави се наведува дека од неодамна најголем купувач на оружје во светот е Ријад, со увоз во износ од 6,5 милијарди долари. Индија во 2013 година беше прва во светот по увоз на оружје и воена опрема (5,5 милијарди долари), а Саудиска Арабија втора, но минатата година двете држави ги заменија своите места.
-Саудискиот увоз на оружје и воена опрема е зголемен за 54 проценти, а се очекува во тек на 2015 година да се зголеми за 52 проценти и достигне износ од 9,8 милијарди долари – се наведува во извештајот и се додава дека Блискиот исток е најголем регионален пазар за продажба на оружје со околу 110 милијарди долари поренцијален увоз во наредните 10 години.
Инаку што се однесува до извозот на оружје, во извештајот се наведува дека САД се уште се на првото место и дека покриваат две третини од светскиот извоз на оружје. На второ место е Русија која најмногу извезува во Кина.
Е.Г.