Патник кој летал од Лондон до Лас Вегас бил отстранет од летот на „Бритиш ервејс“ со лисици по инцидент со членови на екипажот и други патници. Драмата се одвивала во четврток на летот BA275 на „Бритиш ервејс“, кој требало да полета од лондонскиот аеродром Хитроу за Лас Вегас. Снимката од инцидентот ја објави британскиот драм-енд-бејс диџеј Бу, кој бил на летот и патувал за Лас Вегас на настап.
На видеото се гледа маж во темно сина маица како стои во ходникот на авионот и се расправа со членовите на екипажот и другите патници. Во еден момент, тој се обидува да се пробие низ ходникот, додека стјуардеса стои пред него.
Потоа неколку патници формираат бариера, обидувајќи се да го спречат да продолжи низ авионот.
Стјуардесата јасно му кажува да седне. „Седнете, господине.“
Но, човекот не се смирува. Стјуардесата го повторува истото предупредување, а според снимката, таа му наредила да седне повеќе од 26 пати.
Патникот во еден момент седнува, но набрзо повторно станува и продолжува да се расправа со луѓето околу него.
Ситуацијата станува сè понапната, а стјуардесата потоа го предупредува директно:
„Седнете, господине. Ако треба повторно да ви кажам, ќе бидете врзани. Ќе бидете врзани, господине.“
Голем број полицајци го придружуваат мажот од авионот, чии раце се врзани зад грб.
На крајот од видеото, видлив е екран на седиштето на патникот на кој е снимен инцидентот, со ознака „6A – Добредојдовте во Клуб Ворлд“, т.е. поздрав до патниците од бизнис класата на Бритиш ервејс.
Авионот полетал од Хитроу три часа и девет минути по закажаното време, пристигнувајќи во Лас Вегас два часа и девет минути подоцна.
Затоа, патниците, според правилата UK261 што се однесуваат на надомест за доцнење на летот, немале право на стандардна надомест, која во такви случаи е поврзана со пристигнување на крајната дестинација најмалку три часа подоцна.
