(ВИДЕО) Драма на лет на „Делта Ерлајнс“: Стјуардеси и патници летаа во авион, 25 се повредени

Од:

Дваесет и пет патници на лет на „Делта Ерлајнс“ од Солт Лејк Сити до Амстердам беа хоспитализирани откако летот наиде на силна турбуленција.

Летот 56, кој превезуваше 275 патници и 13 членови на екипажот, беше пренасочен кон аеродромот Минеаполис-Сент Пол, каде што безбедно слета околу 20 часот по локално време, објави ABC News.

Пожарникарите и болничарите на аеродромот Минеаполис-Сент Пол брзо реагираа и пружија медицинска помош откако патниците доживеаа турбуленција, соопшти Комисијата на метрополитенските аеродроми.

Еден патник во авионот рече дека „никогаш не доживеал нешто слично“.

„Беше хаос. За среќа, носев појас, но стјуардесите и некои патници летаа во авионот“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Паника во авион на „Ер Индија“: Закана за поставена бомба, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ принудно слета во Германија: „Мислев дека авионот ќе се распадне“

Горан Наумовски

Поради пожар, авион на Јунајтед ерлајнс беше принуден принудно да слета