(ВИДЕО) Била бремена 46 години

Од:

Во 1955 година, Мароканката Захра Аботалиб почнала да се породува во едно мало село во близина на Казабланка.

Породувањето траело 48 часа, но бебето не се родило.

Таа била пренесена во болницата за да ја породат лекари, но кога видела дека една млада девојка починала со болки за време на операцијата, Захра во паника избегала од болницата во страв дека таа ќе почине.

Таа имала огромни болки со денови и еден ден и бебето и болките мистериозно исчезнале.

Поминале децении, бебето не се родило, па Захра посвоила три деца и станала баба.

Кога наполнила 75 години силните болки и се вратиле, но докторите немале соодветно објаснување.

Доктор верувал дека стомакот на жената бил потечен поради тумор во јајниците и ја испратил на снимање.

Лекарите биле шокирани кога добиле резултати, а во стомакот на Захра имало плод на детето кое останало парализирано поради тоа што се развивало надвор од матката и зараснал со останатите органи на Захра.

Со цел да се брани од инфекции, телото на жената околу мртвиот фетус создало заштитен слој кој со текот на времето станал се потврд.

Операцијата со која се отстранило „каменото бебе” била многу комплицирана бидејќи плодот зараснал со другите органи.

Мртвото бебе, кое беше во телото на Захра 46 години, било успешно отстрането со операцијата.

Би можело да ве интересира

Младоженецот доживеал напад, па невестата си нашла нов сопруг

Емир Латифовиќ

Полјак за пола година го превеслал Атлантикот

Емир Латифовиќ

ФОТО: Како изгледа фабриката во која се изработуваат бебиња Исус

Емир Латифовиќ

Корисници на интернет за 15 минути решиja 18 година стара мистерија

Емир Латифовиќ

ФОТО: Тоалет на раб на бездна

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Американци му помогнаа на чешки бездомник да се врати дома од САД

Емир Латифовиќ