(ВИДЕО) Апокалиптични сцени: „супермагла“ предизвика верижен судар на 158 возила, седуммина мртви

Од:

Најмалку седум лица загинаа во понеделникот откако „супермагла“ од чад од шумски пожар во јужна Луизијана предизвика повеќе масовни сообраќајни несреќи во кои учествуваа 158 возила, соопштија локалните власти.

Повредени се 25 лица, а бројот на жртвите може да се зголеми.

Службите за итни случаи сè уште работат на расчистување на местото на несреќата и на потрагата по жртви, соопшти во понеделникот вечерта полицијата на државата Луизијана, според АП.

Апокалиптична видео снимка ги прикажува остатоците од оштетените и изгорени возила на Interstate 55 во близина на Њу Орлеанс.

Голем број луѓе стоеја покрај патот или на покривите на своите возила и со неверување ја гледаа катастрофата, додека други се обидуваа да повикаат помош.

Чадот од мочуришниот оган се измешал со маглата за да создаде „супермагла“.

Би можело да ве интересира

Пукање во Луизијана: 11 лица ранети во близина на Јужниот универзитет

Горан Наумовски