Како што ураганот Милтон се приближува до Флорида, градовите и окрузите воведуваат полициски час за луѓето кои остануваат во тие области.
Ураганот Милтон сè уште е силна бура од 5-та категорија, но брзината на ветрот му е малку намалена. Центарот на бурата е на околу 400 милји југозападно од Тампа и малку се засили додека се движи североисточно, пишува Си-Ен-Ен.
Се очекува бурата сè уште да ослаби до категорија 3 додека да стигне до Флорида. Предвидувањата се дека, Милтон денеска ќе ја погоди Флорида. Ветерното поле на бурата треба значително да се прошири пред да стигне до копното, што значи дека нејзините разорни ефекти ќе се почувствуваат на голема површина.
Вклучувајќи го и Милтон, само 42 урагани досега биле толку силни во Атлантикот, според податоците на NOAA.
Во понеделникот, окрузите на Флорида почнаа да издаваат наредби за евакуација, при што властите очајно ги повикаа луѓето да се евакуираат што е можно поскоро. Околу 20 милиони луѓе се на патот на ураганот. Експертите буквално порачча, ќе умрете ако остането во зоните означени за евакуација. Се работи за живот или смрт рече американскиот претедател Џо Бајден.
На патиштата во Западна и Централна Флорида привремено беа суспендирани патарините за да се олесни сообраќајот, а на бензинските пумпи во Јужна Флорида се формираа долги колони, што доведе до недостиг на гориво на некои станици. Сообраќајниот метеж во одредени области е зголемен за дури 90 отсто од нормалното ниво, рече гувернерот ДеСантис. Затворени се и училиштата.
Кит Тури, портпарол на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), рече дека се охрабрени од нивото на евакуации кои се во тек. „Ова е всушност добар знак“, додаде Тури. Евакуирани се и жителите на областа кои беа погодени од ураганот Хелена.
Аеродромите во Тампа и Орландо најавија дека ќе ги прекинат летовите со приближувањето на бурата.