Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево

Од:

Времето утрово е ведро и посвежо, а преку денот ќе биде сончево.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица, информираат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со локална облачност

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево и топло до 38 степени

Денеска сончево со мала облачност

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер