Вашингтон пост: Вoлц соработуваше со Нетанјаху за започнување заедничка воена акција против Иран

Од:

Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Мајкл Вoлц, интензивно соработувал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за започнување воена акција против Иран, пред средбата меѓу израелскиот лидер и американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба, објави денес „Вашингтон пост“ (WP), повикувајќи се на извори.

Ова се случи пред „Сигналгејт“ во март, кога Вoлц постави разговор на платформата „Сигнал“ и погрешно го вклучи новинарот Џефри Голдберг од „Атлантик“, а разговорот вклучуваше дискусии меѓу врвни американски претставници за национална безбедност за плановите за напад врз цели на јеменските бунтовници Хути во Јемен.

Извори велат дека Вoлц предизвикал незадоволство кај Трамп по посетата на Овалната соба на почетокот на февруари, кога советникот за национална безбедност изјавил дека го дели верувањето на израелскиот лидер дека дошло време да се нападне Иран.

Еден извор за „Пост“ изјавил дека Волц „сакал да ја насочи американската политика во насока што не му се допаѓа на Трамп, што допрело до претседателот, кој не бил задоволен од тоа“.

Некои претставници на администрацијата веруваат дека обидувајќи се да работи во корист на воена акција со Израелците, Волц де факто работел за странски лидер.

Би можело да ве интересира

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас

Волц: Трамп ќе размисли за обновување на испораките за Украина доколку се изгради доверба