Нуркачите на индонезиската Воена морнарица од дното на Јаванско Море извадија уште шест тела од урнатиот авион на компанијата „Ер Азија“, соопшти контраадмиралот Видодо.
Досега се извадени 59 тела од авионот, што се урна во декември. Се претпоставува дека поголемиот број жртви се во внатрешноста на авионот.
Фрагменти од црните кутии укажуваат дека авионот одеднаш почнал да ја губи моќноста, а пилотите се обидувале да се справат со ситуацијата.
Индонезискиот министер за транспорт Игнасиус Џонан изјави дека и радартите покажале оти авионот почнал да губи висина, а брзината била помала од минимално дозволената.
На 28 јануари треба да биде објавен првичен извештај за падот на авионот во кој имаше 162 патници и членови на екипажот.