Уште еден силен земјотрес ја погоди Јапонија

Од:

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Кумамото во јужна Јапонија.

Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри длабочина во близина на епицентарот на вчерашниот потрес, соопшти американскиот Геофизички институт.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами, но напомена оти очекува дека брановите нема да бидат со голема височина. Според државната телевизија прогнозите за максимална височина е еден метар.

Засега нема податоци за настрадани или нанесена материјална штета.

Девет лица загинаа и над илјада беа ранети во вчерашниот земјотресот со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала во јапонската префектура Кумамото.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица Португалци загинаа во сообраќајна несреќа во Франција

Емир Латифовиќ

Џентилони: Нема воено решени на сирискиот конфликт

Емир Латифовиќ

Во Виена „тајна средба“ меѓу Фајман и Шулц

Емир Латифовиќ

Норвешка црква се вклучи во ловот на покемони

Емир Латифовиќ

Поранешниот диктатор на Чад осуден на доживотна казна затвор

Емир Латифовиќ

На 6 јули ќе биде претставен извештајот на Чилкотовата комисија за британското учество во нападите врз Ирак

Емир Латифовиќ