УНЕСКО ги проценува оштетувањата на локалитетите на културно наследство во Турција и Сирија

Од:

Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска соопшти дека започнала прелиминарна проценка на оштетувањата на локалитетите на културното наследство во областите на Турција и Сирија погодени од разорниот земјотрес, со цел нивно брзо стабилизирање.

Агенцијата на ОН изрази „посебна загриженост“ поради ситуацијата во древниот сириски град Алепо, кој е на листата на УНЕСКО на загрозено светско наследство.

Цитаделата во Алепо претрпе значително оштетување, западната кула на стариот градски ѕид е урната, а неколку згради на пазарите се загрозени, според УНЕСКО.

Кога станува збор за Турција, УНЕСКО изразува жалење поради уривањето на неколку згради во рамки на тврдината Дијарбекир и градините Хевсел, светско наследство од времето на Античка Грција и стар Рим.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер вчера опустоши делови од југоисточна Турција и северна Сирија. Повеќе од 5.000 луѓе загинаа, а спасувачите денеска се во потрага по преживеани во урнатините. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи леденото време и последователните земјотреси ги попречуваат спасувачките напори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција