Умеров: На разговорите во Берлин постигнат е реален напредок

Од:

Главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров денеска изјави дека претставниците на САД и Украина постигнале реален напредок за време на втората рунда мировни преговори во Берлин за прекин на војната со Русија, објави Ројтерс.

– Во текот на изминатите два дена, разговорите меѓу Украина и САД беа конструктивни и продуктивни, при што е постигнат вистински напредок, објави Умеров на платформата Икс, кој е секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Тој истакна дека американскиот тим, предводен од Стив Виткоф и Џаред Кушнер, „работи исклучително конструктивно за да ѝ помогне на Украина да најде пат кон траен мировен договор“.

Претходно и американскиот специјален претставник Стив Виткоф, кој со Зеленски вчера имаше петчасовен разговор изјави дека е постигнат „голем напредок“.

Би можело да ве интересира

Зеленски објави кој ќе го замени Јермак

Клучен преговарач вклучен во мистериозна истрага за скандалот што ја тресe Украина

А1он

Гончаренко: Умеров ќе мора да ги предаде соучесниците за да избегне обвинение

Горан Наумовски

Украина предлага средба на лидерско ниво меѓу Украина и Русија

А1он

Кој е Рустем Умеров, човекот што Зеленски го праќа да преговара со Русите?

А1он