Украинец вели дека Русите го мачеле со електрошокови: „Само сакав да престане“

Од:

Украинските власти истражуваат локации во ослободениот јужен град Херсон, каде што руските окупаторски сили се осомничени за тортура врз украински цивили. Поминаа повеќе од две недели од ослободувањето на Херсон и повлекувањето на руските сили од стратешки важниот град, а украинските истражители велат дека пронашле пет комори за мачење во градот Херсон и уште четири во околните градови.

Украинците наведуваат дека Русите приведувале, тепале, испрашувале, се заканувале со смрт и мачеле цивили со електрошокови. Украинската полиција објави дека руски војници извршиле повеќе од 460 воени злосторства во окупираните територии на регионот Херсон. Еден од Украинците измачувани од Русите за Асошиетед прес раскажал што му се случило.

„Само сакав да престане“

Кога десетина руски војници упаднаа во куќата на Дмитри Биљи во август, на 24-годишниот полицаец му беше даден заканувачки избор: да го предаде пиштолот или неговата мајка и брат ќе исчезнат засекогаш. Дмитро им го предал пиштолот на Русите, кои потоа го одвлекле од неговиот дом во јужното село Чорнобаивка во затвор во градот Херсон.

Тој вели дека го затвориле во мала ќелија и го мачеле со денови. Му закачиле жици на гениталиите и ушите и го мачеле со струен удар. „Тоа беше пекол во целото мое тело. Страшно гореше, чувствував како крвта да ми врие. Само сакав да престане“.

АП разговараше со уште пет лица кои тврдат дека биле приведени и мачени од Русите во Херсон или знаат за други луѓе кои исчезнале, а потоа претрпеле тортура. Русија негира дека извршила воени злосторства за време на инвазијата на Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во вчерашното гранатирање на Херсон, запалена градинка

Жестоко гранатирање во околината на Херсон

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Објавена снимка од центарот на ослободениот Херсон: „Град на духови“

Тројца работници на итната помош загинаа при деминирање во Херсон

(ВИДЕО) Нови експлозии во Херсон, расте бројот на жртви: Ова не се воени објекти, ова е терор

ВИДЕО: Украинските сили го поставија првото знаме на левиот брег на Днепар