Училиштата затворени во погодените подрачја, нуклеарната централа не е оштетена

Од:

Училиштата во 10 градови и провинции низ Турција погодени од земјотресот ќе бидат затворени една недела, изјави потпретседателот на земјата Фуат Октај.

Градовите и провинциите се Кахраманмараш, Хатај, Газиантеп, Османије, Адијаман, Малатија, Шанлиурфа, Адана, Дијарбакир, Килис.

Октај, исто така, рече дека летовите до и од аеродромот во провинцијата Хатај се суспендирани, додека аеродромите во Мараш и Антеп се исто така затворени за цивилни летови.

Турската нуклеарна централа Акују, која моментално се гради, не е оштетена во земјотресот, изјави за Ројтерс претставник на руската компанија што ја гради централата.

„Овде се почувствуваа потреси на земјата, но нашите експерти не констатираа штета на градежните конструкции, крановите и опремата“, изјави Анастасија Зотеева.

Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот. Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината се како воена зона.

Патиштата пропаѓаа како да ги погодиле проектили, а автомобили паднале во дупки.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција