Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

Од:

Неименуван маж е уапсен денеска, носел неколку ножеви пред британскиот парламент, објави „Стандард“.

Вооружената полиција околу 15.00 часот веднаш уапси 34-годишен маж во близина на влезот на Долниот дом на Парламентот.

Изгледа дека мажот носел домашен оклоп и борбени панталони.

При апсењето тој фрлил на земја британско знаме и зелен ранец, јавуваат локалните медиуми.

Портпаролот на лондонската метрополитен полиција изјави дека тој е уапсен под сомнение дека носел оружје на јавно место.

Тој е приведен во полициска станица, а нема повредени.

Би можело да ве интересира

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Човек со палестинско знаме сè уште e на врвот на Вестминстерската палата

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он