Туск му честиташе на Маѓар: Јас сум посреќен и од тебе

Од:

Пoлскиот премиер Доналд Туск објави на социјалните мрежи дел од телефонски разговор со Петер Маѓар, лидер на унгарската партија Тиса.

Туск му се јави на Маѓар од Сеул за да му честита за изборниот успех.

„Добредојде назад во Европа“, напиша тој покрај објавеното видео.

„Петер, поздрав! Многу сум среќен, можеби дури и повеќе од тебе“, му рече полскиот премиер на Маѓар.

Туск, исто така, се осврна на резултатите од изборите во објава на мрежата X синоќа.

„Унгарија – Полска – ЕУ повторно заедно!“, напиша тој.

„Беше величествена победа, драги пријатели!“, додаде Туск и ја заврши објавата со порака на унгарски: „Руси, одете си дома!“

Би можело да ве интересира

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Обама: Победата на опозицијата во Унгарија е потсетник дека сите треба да продолжат да се борат за правда

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Клучни избори во Унгарија, што велат анкетите и обложувалниците

Сојузниците го напуштаат Трамп: Полска нема да испраќа војници во Иран

Маѓар: Ја повикувам Русија да се воздржи од влијание врз унгарските избори

А1он