Турската влада потврди дека се урнати 5.775 згради

Од:

Турција распореди повеќе од 24.400 луѓе за пребарување и спасување на погодените од земјотресот, а владата потврди дека се урнати 5.775 згради.

Се очекува да испратат уште повеќе луѓе на терен. Сепак, зимските услови го попречуваат нивното распоредување, рече претставникот на агенцијата за управување со катастрофи Орхан Татар. АП известува дека се примени 11.342 пријави за урнати згради, но само 5.775 од тие извештаи се потврдени.

На теренот има 55 хеликоптери за брза помош, а 85 камиони им делат храна на настраданите.

„Неповолните временски услови во регионот продолжуваат. Затоа, распоредувањето на екипи може да биде тешко од време на време“, рече Татар, а температурите во текот на ноќта се спуштија до -5 степени Целзиусови во градот Газиантеп погоден од земјотресот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција