Турција: Најмалку 19 лица повредени во вчерашниот земјотрес

Од:

Најмалку 19 лица се повредени во земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтер, изјави турскиот министер за здравство, Кемал Мемисоглу.

Тој рече дека четворица од 19-те повредени се повредени од скокови и паѓања и дека се пуштени дома откако им е укажана лекарска помош, објави „Милиет“. „Сите повредени се во добра состојба и нивното лекување продолжува во болниците. Им посакувам брзо закрепнување“, рече Мемисоглу.

Според последните извештаи, во земјотресот нема жртви, а се урнаа три згради и една продавница.

Земјотресот го погоди западниот дел на Турција доцна во понеделникот навечер во близина на градот Синдирги, а беше почувствуван и во Истанбул и делови од Грција.

Сведоци велат дека потресот бил силен и долготраен. По главниот удар, следела серија послаби последователни потреси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Турција: Паника меѓу луѓето, има урнати згради, засега нема информации за повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес во Турција

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер во Турција

А1он

Силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес ја погоди централна Турција