Трудо ги поддржува демонстрациите во САД

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо ги поддржа мировните демонстрации против расизмот и дискриминацијата и ги осуди оние што ги создадоа проблемите.

– Расизам против црнците, системска дискриминација, неправда – постои и тука, рече Трудо на почетокот на денешниот брифинг со новинари, по повод неколкудневните протести низ САД и Канада против убиството на Афроамериканецот кој беше убиен од белец полицаец во Минеаполис.

– Со собирањата, Канаѓаните испраќаат порака дека нема да толерираат неправда, додаде канадскиот премиер, ветувајќи дека неговата Влада ќе ја продолжи борбата против расизмот.

Би можело да ве интересира

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп му порача на Трудо: САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини за канадските царини

Горан Наумовски

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата