Трojца загинати и 15 повредени – силни бранови го погодија Тенерифе

Од:

Тројца загинати и 15 повредени кога силни бранови го погодија шпанскиот туристички остров Тенерифе, според службите за итни случаи таму, пренесува Ројтерс.

Спасувачки хеликоптер извлече маж од морето кој падна во водата на плажата Ла Гуанча, на север од островот, прогласен е за мртов по пристигнувањето во болница, според службите за итни случаи.

Во одделен инцидент, маж е пронајден како плови на плажата Ел Кабезо на југот од островот. Спасувачите и медицинскиот персонал не можеше да го реанимира, а тој е прогласен за мртов на местото на настанот.

Една жена доживеа срцев удар и почина кога бран повлече десет луѓе во морето во градот Пуерто де ла Круз на северот од Тенерифе. Три лица од таа група претрпеа сериозни повреди и беа префрлени во болница на лекување.

Канарските Острови, шпански архипелаг покрај западниот брег на Африка, кој го вклучува и Тенерифе, се ставени во состојба на готовност за крајбрежни опасности, соопштија службите за итни случаи на островот.

Би можело да ве интересира

Се очекуваат бранови до два, три метри на брегот на Перу

Горан Наумовски