Тројца полицајци од Мјанмар побарале азил во Индија

Од:

Индиските власти денеска соопштија дека тројца полицајци од Мјанмар преминале во индиската држава Мизорам и побарале азил во земјата.

– Тие рекоа дека добиле наредби од воените власти во Мјанмар кои не сакаат да ги извршуваат, па поради тоа избегаа, потврди локален претставник на индиската полиција во државата Мизорам.

Индија има копнена граница долга 1.643 километри со Мјанмар, а од пучот на 1 февруари воените власти во земјата убиле над 50 лица.

Би можело да ве интересира

Гамбија ја обвини Мјанмар за геноцид врз Рохинџите пред судот на ОН во Хаг

Ана Ололовска