Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе работи напорно за да се стави крај на руско-украинската војна.

„Ќе работиме на Блискиот Исток и ќе работиме многу напорно на Русија и Украина. Мора да престане. Русија и Украина мора да престанат“, рече Трамп на церемонијата за Американскиот институт за политика во клубот Мар-а-Лаго во Флорида, додавајќи:

„Денеска го видов извештајот. Илјадници луѓе се убиени во последните три дена. Илјадници и илјадници беа убиени. Случајно беа војници, но без разлика дали се војници или луѓе кои седат во градовите, ние ќе работиме на тоа“.

Зборувајќи за минатонеделната победа на изборите, Трамп рече дека американскиот народ направил „нешто многу, многу неверојатно“.

„Најголемата политичка победа во последните 129 години“, рече Трамп.

Републиканците обезбедија мнозинство на минатонеделните избори и ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања

А1он

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он