Трамп: Се приближуваме до договор за Русија и Украина

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изрази убеденост дека решението за руската војна во Украина е близу.

– Мислам дека се приближуваме до договор за Русија и Украина, изјави Трамп пред новинарите, без да даде конкретни детали за содржината на потенцијалниот договор.

Во исто време, американскиот претседател се осврна и на тензиите со Техеран, потврдувајќи дека Иран „сака да склучи зделка“, но додаде дека „ќе видиме што ќе се случи“.

Истовремено со дипломатските најави, Трамп потврди дека голема флотила од американски воени бродови е упатена кон Иран.

Тој ја опиша оваа формација како „голема армада“, нагласувајќи дека таа е побројна дури и од онаа што претходно беше распоредена во Карипското Море близу Венецуела.

Би можело да ве интересира

Пиварница во САД вети бесплатно пиво кога ќе умре Трамп – ѝ ја одзедоа дозволата за работа

А1он

Трамп: Запомнете ја оваа глетка – тоа ќе бидеме ние за три години

А1он

Трамп: Да не бев претседател, Израел денес немаше да постои!

А1он

Нетанјаху кај Трамп: Разговараат за „намалување на обемот на војната“

А1он

Трамп го прими Зеленски во Белата куќа

А1он

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран