Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да нападне земја-членка на НАТО, минимизирајќи ги медиумските извештаи дека директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, претходно оваа недела ги предупредил руските официјални лица да не преземаат таков напад.

„Тој нема да ја нападне територијата на НАТО“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, мислејќи на Путин, пренесе Ројтерс.

Трамп претходно во телефонско интервју за „Аксиос“ изјави дека нема да дојде до таков напад и дека Ретклиф не бил испратен во Москва за да пренесе каква било посебна порака.

„Ретклиф се гледа со својот руски колега еднаш на шест месеци или еднаш годишно. Тие имаат многу добри односи. Немаше никаква порака и немаше ништо необично“, рече Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека го преименувал езерото Онтарио во езеро Америка, нагласувајќи дека оваа одлука стапува на сила веднаш.

Во Овалната соба, тој потпиша извршна наредба со која му наложува на официјалниот американски Оддел за географски имиња да го промени името на ова езеро, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп со музика ги забавуваше новинарите во авион – им пушташе Доли Партон, Павароти, АББА…

А1он

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска

А1он

Трамп: Не се противам кинеските производители на автомобили да отвораат фабрики во САД

А1он

САД ја заоструваат трговската војна со Канада: Трамп забрани увоз на пиво, алкохол, мотоцикли и млечни производи

A1on

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Трамп доби уверување од Путин дека Русија нема агресивни намери кон Европа

А1он