Трамп не е задоволен, но не е ниту изненаден од рускиот напад врз Киев

Од:

Портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп – Каролин Ливит, не го спомена рускиот напад врз Киев во кој загинаа најмалку 19 лица, меѓу кои и четири деца, во нејзиното воведно обраќање на прес-конференцијата во Белата куќа.

Канцелариите на мисијата на ЕУ и Британскиот совет во украинската престолнина исто така беа погодени во нападот.

Кога новинарите ја прашаа како Белата куќа го гледа тој напад и дали го смета Владимир Путин за пречка за мир, Ливит одговори дека Трамп не е задоволен, но не е ниту изненаден“.

Ова се две земји кои се во војна многу долго време. Русија го изврши овој напад врз Киев, а Украина неодамна ги нападна руските рафинерии за нафта“, рече Ливит.

Таа потсети на претходните изјави на Трамп дека сака крај на војната, но дека лидерите на двете земји мора да го сакаат истото“. Таа додаде: Можеби двете страни од оваа војна сè уште не се подготвени да ја завршат“.

Синоќа Русија изврши еден од најголемите напади врз Киев од почетокот на целосната инвазија, лансирајќи речиси 600 беспилотни летала и 31 ракета.

Беа погодени станбени згради, трговски центар и цивилни возови, а најмалку 18 лица беа убиени, меѓу кои четири деца, додека десетици беа повредени.

Би можело да ве интересира

По четири години: Американски маринец ослободен од руски затвор во тешка состојба, Трамп му вети чизбургер

Нов ултиматум: „Имаат две опции“

Пиварница во САД вети бесплатно пиво кога ќе умре Трамп – ѝ ја одзедоа дозволата за работа

А1он

Трамп: Запомнете ја оваа глетка – тоа ќе бидеме ние за три години

А1он

Трамп: Да не бев претседател, Израел денес немаше да постои!

А1он

Нетанјаху кај Трамп: Разговараат за „намалување на обемот на војната“

А1он