Трамп: НАТО без мене ќе завршеше во кантата за ѓубре на историјата

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ниту еден претседател не направил повеќе за НАТО од него и дека оваа организација не би постоела „доколку тој не се појавеше“.

„Ниту една личност, ниту еден претседател не направил повеќе за НАТО од претседателот Доналд Трамп. Да не се појавев, НАТО денес немаше да постои!!! Ќе завршеше во кантата за ѓубре на историјата. Жално, но вистинито!!! – напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Трамп се закани во саботата дека ќе воведе царини од 10 проценти од 1 февруари за стоки од Велика Британија, Норвешка и шест земји од ЕУ вклучени во арктичките воени вежби во Гренланд, кои ќе важат додека не се постигне договор за купување на Гренланд од САД.

Би можело да ве интересира

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он