Трамп ќе им дели по 2.000 долари на Американците

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Truth Social.

Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, пренесе ДПА.

Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека царините ќе донесат „трилиони долари“ кои наскоро ќе можат да се искористат за намалување на огромниот државен долг.

– Луѓето кои се против царините се будали! напиша тој.

Би можело да ве интересира

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

А1он

Трамп ја нарече „смешна“ уредувачката политика на „Фокс њуз“, ги повика поддржувачите да не го гледаат тв каналот

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија