Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го назначил конгресменот од Флорида – Мајк Волц на позицијата советник за национална безбедност во новата администрација.

„Чест ми е да објавам дека конгресменот Мајк Волц е назначен да служи во мојот кабинет како мој советник за национална безбедност“, напиша Трамп на платформата „Тruth“.

Како што истакна, Волц 27 години служел во специјалните сили на армијата, каде повеќепати бил ангажиран во битки за кои добил четири медали.

Тој додаде дека Волц е „признат лидер во националната безбедност и експерт за заканите од Кина, Русија, Иран и глобалниот тероризам“.

Би можело да ве интересира

Инаугурацијата на Доналд Трамп преместена во затворен простор поради студеното време

А1он

Има ли шанси Трамп и Путин да се сретнат во Белград?

А1он

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Бајден шокиран од Трамп: Страшно

Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација

А1он

Трамп ја загуби жалбата во случајот против новинарката Џин Керол, мора да плати 5 милиони долари

А1он