Трамп: Да не бев претседател, Израел денес немаше да постои!

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранската локација „Пикекс“ не претставува голем проблем и оти на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не му е потребно да му пренесува разузнавачки податоци за таа тема.

Трамп изјави дека го спасил Израел со запирањето на иранската нуклеарна програма, велејќи: „Да не бев претседател денес, Израел немаше да постои“.

Американскиот претседател исто така го изрази своето незадоволство од тоа што Нетанјаху јавно зборуваше за изградбата што Иран ја врши на таа локација.

„Зошто не можеше едноставно да ми кажеш мене? Зошто мораше да му кажуваш на целиот свет?“, праша Трамп.

Истовремено, тој ја минимизираше важноста на самата локација, наведувајќи дека таа не претставува голем проблем.

„Ние веќе ги уништивме нивните нуклеарни локации, а ќе мораме да го уништиме и ’Пикекс’ доколку не склучат договор“, рече Трамп.

Тој додаде дека би можел да ги уништи повеќето ирански мостови за помалку од еден час, како и сите нивни електрани во рок од еден ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Го прашав Путин `Дали ќе ja нападнеше Украина ако јас бев претседател?`, одговори `Не`

А1он

(ВИДЕО) Трамп пристигна во Кина, Си Џинпинг го пречека на аеродромот

А1он

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови на Иран за атентат врз Трамп

А1он

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он