Трамп: Ако некој убие некого во Вашингтон, ќе бараме смртна казна

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон, иако таа беше укината во 1981 година.

– Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ќе бараме смртна казна. А тоа е силно средство за одвраќање, рече Трамп за време на состанокот на својот кабинет во Белата куќа.

Неговата администрација ќе може да бара смртна казна за убиства на федерално ниво, но не и во локални случаи.

Трамп е поддржувач на смртната казна, а се смета дека би можел да ги измени важечките закони во Вашингтон, кој ужива посебен статус и чии работи ги надгледува Конгресот.

Трамп на почетокот на својот втор мандат потпиша извршна наредба со која повика на проширување на употребата на смртната казна за најтешките злосторства и им наложи на сојузните обвинители почесто да поднесуваат такви обвиненија.

Смртната казна е укината во 23 сојузни држави на САД, а три воведоа мораториум на неа.

Три сојузни држави – Аризона, Охајо и Тенеси ја суспендираа смртната казна, но и најавија намера повторно да ја воспостават.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он