Тешко болените од Ковид-19 Чешка почна да ги префрла на лекување во странство

Од:

Чешка денеска го префрли првиот пациент со тешки симптоми на Ковид-19 на лекување во Полска, откако минатата недела го активираше барањето за солидарност и помош од земјите во ЕУ кои се помалку погодени од пандемијата и можат да и помогнат затоа што нејзиниот здравствен систем е на работ на колапс, со само 14 проценти слободни кревети на интензивна нега.

Една постара жена со тешки симптоми денеска е пренесена во болницата Рачиборж, во јужна Полска, а Германија и Швајцарија, исто така, се понудија да и помогнат на Чешка со прифаќање на нејзините пациенти, бидејќи чешкиот здравствен систем е пред амбис, со рекордни 1.789 пациенти на интензивна нега или на респиратори со Ковид-19 и со вкупно 8.478 пациенти во болниците.

Како резултат на првите десет дена од строгото заклучување, со кое Чесите се затворени во областите во кои живеат, од вчера дневниот раст на новозаразени е намален на 10.466, или за околу 1.700 помалку во споредба со минатиот понеделник, а во цела чешка во м оментов се активни 163.034 заразени случаи.

Од почетокот на пандемијата, во Чешка со коронаворус беа заразени 1,33 милиона лица, од кои 22.147 умреа, а земјата, заедно со Словачка, е една од европските земји со најголем број жртви на пандемијата на милион жители.

Би можело да ве интересира

Рекорден број на новозаразени во Чешка, во болниците се примаат само итни случаи