Со забави Норвежаните го прославија олабавувањето на мерките кои беа во сила за заштита од коронавирусот. Ноќните клубови и баровите беа преполни, а на многу места атмосферата беше буквално „дива“.
Во Трондхајм неколку луѓе побарале медицинска помош поради тоа што предолго стоеле во редици. Од неколку градови стигаа извештаи за тепачки, повредени и приведени.
„Имаше прекршоци, насилни инциденти и тепачки“ – велат од полицијата во Осло.
И во други градови низ државата полицијата соопштува за масовни тепачки и бројни приведени.
Од вчера во Норвешка се укината најголемиот дел од ковид мерките, не е веќе обврзно да се држи дистанца, не важат ниту ограничувањата за собири и настани.
Останува обврската за карантин во случај на инфекција. Ограничувањата за влез во државата исто така постепено се укинуваат.