Двајца малолетници се уапсени, а по трет се трага откако полицијата во централна Флорида пронашла тела на тројца тинејџери, изјави шерифот на округот Мерион, Били Вудс.
Полицијата прво ја пронашла 16-годишната Лејла Силвернеил на пат во областа Форест Лејкс Парк на 30 март. Таа подоцна почина во болница од тешките повреди, соопшти канцеларијата на шерифот.
Следното утро, нешто пред 8 часот, полицијата добила дојава за тело на истиот пат и го пронашла убиениот 17-годишник. Телото на третата жртва е откриено во саботата, рече Вудс, но тој не ги именуваше втората и третата жртва.
Инспекторите веруваат дека жртвите се познавале и сите биле во Шеви Крузер што припаѓа на Силвернеил. Автомобилот бил пронајден делумно потопен во езерото, а една од жртвите била внатре, изјави Вудс за Си-Ен-Ен.
На случајот работат 15 детективи. Шерифот одбил да каже дали сите пријатели биле застрелани во исто време.