Таткото на поранешниот соработник на ЦИА и НСА, Едвард Сноуден, кому му е одобрен привремен азил во Русија, стапил во директен контакт со синот прв пат, откако тој си заминал од САД, јави ИТАР-ТАСС.
Лон Сноуден ги известил за тоа своите адвокати.
Тој одлучил да стапи во контакт со неговиот син и покрај тоа што му било препорачано да не го прави тоа, со аргумент дека нема сто процентна гаранција дека навистина ќе зборува со него.
Друг ризик бил коресподенцијата да биде пресретната и дешифрирана од американските специјални служби.
Досега сите контакти меѓу таткото и синот се спроведуваа преку рускиот адвокат на Едвард Сноуден, Анатолиј Кучерена.
Извор на ИТАР-ТАСС изјави дека таткото на поранешниот соработник на ЦИА планира наскоро да ја посети Русија, за да го види својот син.
Лон Сноуден и неговите адвокати веќе добиле руски визи, но посетата нема да се реализира оваа недела.