Студентите во Мјанмар бараат поголема автономија на универзитетот

Од:

Во Мјанмар денеска започнаа преговори меѓу студентската организација и претставниците на владата, парламентот и универзитетскиот комитет за реформи, формиран по првите студентски протести во ноември минатата година.

Состанокот е договорен на средбата на мјанмарскиот министер за образование со делегација на студентите, пред три дена, а е резултат на обидите на владата да ги убеди студентите да не ги интензивираат протестите.

Студентското незадоволство во Мјанмар избувна по донесувањето на новиот закон за образование со кој владата, сеуште зависна од вољата на армијата, донесе прописи со кои се ограничува автомо,ијата на универзитетите и се воведува контрола во изборот на наставниот кадар.

Претседателот на Асоцијацијата на наставниците, професорот Тута од универзитетскиот центар во Мандалеј, пред почетокот на денешните преговори изјави дека владата ќе мора да попушти ако не сака да се соочи со жестоки студентски демонстрации во повеќе градови во Мјанмар.

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ