Стармер: Трамп, направи нешто за кризата со храна во Газа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на еден од неговите голф терени во Шкотска, каде што Стармер ги повика САД да преземат поголема улога во решавањето на сè посериозната криза со храна во Газа.

Стармер и неговата сопруга Викторија пристигнаа во имотот на Трамп во Тарнбери, на јужниот брег на Шкотска, каде што републиканскиот претседател се сретна со нив, разговараше неколку минути и гордо им ги покажа најважните делови од имотот.

Сепак, британскиот премиер не чекаше да влезат внатре за да им посочи дека Газа ќе биде клучна тема на состанокот, оценувајќи ја ситуацијата како „очајна“, пишува АП.

Трамп изрази загриженост за хуманитарната криза и го повика израелскиот премиер да преземе мерки откако се појавија слики од неухранети деца.

На прашањето дали се согласува со тврдењата на Нетанјаху дека загриженоста за евентуално масовно гладување во Газа е претерана, Трамп одговори:

„Не знам. Судејќи според она што го гледате на телевизија – тие деца изгледаат многу гладни“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Го прашав Путин `Дали ќе ja нападнеше Украина ако јас бев претседател?`, одговори `Не`

А1он

(ВИДЕО) Трамп пристигна во Кина, Си Џинпинг го пречека на аеродромот

А1он

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови на Иран за атентат врз Трамп

А1он

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он